Nordanö Warehouse

  • Адреса: Masmyrsvägen 50, 775 50 Krylbo
  • Работно време: 06:00-22:00
  • Контакт телефон: +46 (0) 10-463 50 00

Координати: 60.1542362, 16.2425136

Кратки податоци

Добредојдовте во Stora Enso Nordanö Warehouse!

Работното време за товарење е од 06:00-22:00 од понеделник до четврток. Приемот од страна на нашите вработени е од 06:30-15:00. Забелешка Последниот прием за товарење е во 21:00. Петок 6:00-18:00 (17:00).

LUP #68489 Stora Enso Fors

Инструкции

Забелешка ГПС уредот покажува погрешен пат до Nordanö Warehouse!

Следете ги знаците до "NORDANÖ" Свртете од патот 68 преку железничкиот премин и свртете на првата кривина на десно.

Подготовки

Кога товарате во производствениот погон, нашето барање е местото каде што се наоѓа стоката да биде целосно исчистено и без присуство на различни миризби. Ве замолуваме да го исчистите местото каде што се наоѓа товарот пред да стасате во Nordanö Warehouse . Доколку просторот каде што се наоѓа стоката не е во согласност со нашите барања, ќе го одбиеме вашиот камион и нема да имате дозвола да ги товарите нашите производи.

Пристигнување

Застанете пед портата. Забелешка Забрането е да се притиска на црвеното светло. Одете до рецепција.

Паркирајте го камионот и одете до канцеларијата. Секогас прво најавете се на нашиот компјутер. Доколку има некој од вработените на рецепција зборувајте со него. Доколку нема никој од вработените на рецепција ѕвонете на ѕвончето за понатамошна помош.

Запомнете дека секогаш треба бројот на утовар да ви биде спремен!

Безбедност

Бараме да ја имате точната опрема за безбедност со вас кога товарате во нашиот погон за производство. Рефлектирачки елек и чеви за безбедност мора да се носат постојано. Ограничувањето на брзината е 20км на час. Работата на моторот во место е забранета. Пушењето е забрането. Не е дозволено да се преноќува во камионот во оваа област.

Вашата безбедност ни е важна. Дали имате прашања? Зборувајте со вработените во канцеларијата.

Инструкции за товарење

Возете со камионот наназад до сталажите каде што Ве насочиле за товарење Сталажи со број 2,3,4,или 5. Не ги отварајте задните врати на камионот пред да стасате до точната сталажа.

Одете наназад до сталажите и ставете ги блокаторите како што е прикажано. Тогаш отидете до магацинот до најблискиот влез.

Стојте во означениот простор за време на товарењето. Возачот на вилушкарот нема да влезе во приколицата (просторот за стоката) доколку не сте во означениот простор. .

Доколку мора да влезете во приколицата за време на товарањето, почекајте го возачот на вилушкарот да излезе од приколицата и дадете му јасен сигнал на возачот на вилушкарот дека мора да влезете во приколицата. Забелешка Возачот на вилушкарот нема да влезе во приколицата се додека не се вратите во означениот простор.

Излез

По завршувањето на товарењето, одете на рецепцијата за да ви ги вратат вашите документи за превоз на стоката.

Потоа, отстранете ја препреката, одвезете се надвор од портата и паркирајте се на паркингот.

На местото за паркинг можете смирено да си ја обезбедите стоката. Користете го одобрениот крај за стоење додека ја безбедувате стоката.